ЛИГА ЕВРОПА: Динамо доминантно кон европската пролет, победи за Милан и за Тотенхем

Динамо Загреб доминантно ја заврши групната фаза од Лигата на Европа, со победа во последното коло против ЦСКА Москва од 3-1.

Се беше решено уште во првото полувреме на натпреварот кога „модрите“ веќе се стекнаа со предност од 2-0. Во второто полувреме беше само рутина за победа. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми поради повреда на задната ложа беше принудно заменет во 35. минута.

 

Тотенхем славеше очекувана победа од 2-0 против Антверпен, а Милан со 0-1 триумфално го заврши гостувањето против Спарта Прага за завршување на првото место во Групата Х.

ЛИГА ЕВРОПА – 6. коло

ГРУПА Г

Лестер – АЕК 2-0

Брага – Зорја 2-0

ГРУПА Х

Спарта Прага – Милан 0-1

Селтик – Лил 3-2

ГРУПА Ј

Тотенхем – Антверпен 2-0

Лудогорец – ЛАСК 1-3

ГРУПА К

Динамо Загреб -ЦСКА Москва 3-1

ВАЦ – Феенорд 1-0

ГРУПА Л

Слован Либерец – Ц. Звезда 0-0

Хофенхајм -Гент 4-1

Се вчитува...