Европската фудбалска федерација има план од 2024 година направи големи промени во Лигата на шампионите. УЕФА сето ова го прави како би го спречила формирањето на новата Европска суперлига која би се состоела од најголемите на најбогатите тимови на Стариот континент и која практично би ја згаснала Лигата на шампиони.
Групната фаза ќе биде укината, а во натпреварувањето ќе има 36 екипи, од кои дури шест од Англија. Секој клуб ќе одигра десет натпревари, по што осумте првопласирани ќе играат директно во осминафиналето, додека од 9. до 24. место ќе играат доигравање за пласман во оваа рунда.
Покрај шесте тима од Англија во новата Лига на шампионите Италија, Германија и Шпанија ќе имаат по четири места, а овој предлог ќе биде изнесен на дневниот ред на конгресот на УЕФА кој е закажан за април следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

