Барселона во финишот успеа да се извлече и да стигне до победа над Милано од 86-71. во натпревар од 13. коло во кошаркарската Евролига. Каталонците подобро го отворија мечот и по првите десет минути имаа предност од 23-15. Сепак, во продолжение италијанскиот тим заигра далеку подобро и успеа да стигне до целосен пресврт и во последните десет минути да влезе со предност од еден поен.
До три минути до крајот на мечот натпреварот беше во егал, но Каталонците одиграа најдобро кога беше најпотребно и стигнаа до конечен триумф од 86-71. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Никола Миротиќ со 19 поени, надополнети со 10 скока, додека кај поразените се истакна Малколм Дилејни со 23 поени.
Во останатите два натпревари од вечерната понуда Жалгирис убедливо славеше на гостувањето кај Панатинаикос со 69-81, додека Баерн беше сигурен против АСВЕЛ 76-62.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА