ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје есенски шампион, победи на Охрид и Гостивар

Скопје е есенски шампион во Втората лига – Запад откако во последниот натпревар за годинава одигра нерешено 0-0 на гостувањето кај Велешта, која првиот дел од сезоната ќе го помине како второпласирана.

До победа дојде и Охрид кој на домашен терен славеше над Кадино со 2-1. Стрелци на головите за охриѓани беше Реџепи, додека почесниот гол за гостите го постигна Андоновски.

Гостивар исто така стигна до триумф откако славеше со минимални 1-0 против Велазерими. Херој за гостиварци беше Арменд Даути.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (15. коло)

КОРАБ – ДРИТА  2-3

ВЕЛЕШТА – СКОПЈЕ 0-0

КФГ ГОСТИВАР – ВЕЛАЗЕРИМИ 77  1-0

ОХРИД – КАДИНО 2-1

УТРЕ: ТЕТЕКС – ВАРДАР ФОРИНО (13 ч.)

Се вчитува...