Реал Мадрид излезе од кризата – Голема победа во градското дерби (ВИДЕО)

Реал Мадрид очигледно излезе од резултатската криза и во голем стил се врати во борбата за титулата во Ла лига. „Кралевите“ во дербито 13. коло го совладаа Атлетико Мадрид со 2-0, во меч во кој беа далеку подобар противник.

Кашемиро во 15. минута донесе водство за домашниот тим, додека конечните 2-0 ги постави Карвахал во 63. минута со еден еврогол, кој на крајот за жал беше пишан како автогол на голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Со овој триумф Реал доаѓа на само минус три од големиот ривал, но „душекчиите“ се уште се наоѓаат во добра ситуација бидејќи имаат и меч помалку од денешниот противник.

 

 

Се вчитува...