Словенецот Чатер сензационален победник на спустот во Вал Д’изер

Мартин Чатер е сензационален победник на првиот спуст во сезоната во алпско скијање кој утрово се возеше во францускиот ски-центар Вал Д’изер.

Словенецот до првата победа во кариерата стигна со време од 2:04.67 минути, што беше за 22 стоти делови од секундата подобро од второ пласираниот Австриец, Отмар Штридингер. Третото место му припадна на Урс Кринбил од Швајцарија кој доцнеше 27 стотинки зад времето на победникот.

Женската велеслаломска трка која денеска требаше да се вози во Куршевел е одложена за утре.

Се вчитува...