После големиот број на шпекулации, Пол Погба конечно реши да зборува за неговото наводно заминување од Јунајтед и Англија.
„Секогаш сум се борел и секогаш ќе се борам за Јунајтед, како и за моите соиграчи и навивачи. Иднината е нешто далеку, важно е сегашноста, а јас сум вклучен 1000 проценти во оваа сезона и максимално подготвен! Ние секогаш сме посилни заедно. Сè е јасно меѓу мене и клубот и тоа нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре, не зборувајте“, напиша Погба на Инстаграм.
Пред неколку месеци, неговиот менаџер Мино Рајола зборуваше за тоа дека Французинот е несреќен во Манчестер и дека тој и Погба бараат веќе нов клуб. Каков ќе биде епилогот од приказната за заминувањето на Пол Погба од „Театарот на соништата“, останува да видиме оваа зима во претстојниот трансфер период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА