Познатата почетна патека Силвестоун во иднина ќе се вика „Хамилтон правец“, со цел да му се оддаде почит на седумкратниот шампион во Формула 1 – Британецот Луис Хамилтон.
Сопствениците на Силверстоун одлучија да му се оддолжат на Хамилтон за неверојатните резултати од последните години и со тоа да ја зацврстат неговата позиција како најуспешен возач во историјата на „Ф1“.
„Воодушевен сум што бев тој кој што му кажа на Хамилтон дека дел од патеката ќе го носи неговото име. Хамилтон испиша голема историја во нашиот клуб и не гледам подобар начин да му се оддолжам “, изјави Дејвид Колтхард.
Силверстоун се користи за трки во шампионатот на Мото ГП, како и за Формула 1. Според најавите, се вели дека во Формула 1, делот од патеката именуван по Хамилтон ќе се најде помеѓу 11-та и 12-та кривина.
I wasn’t sure I’d be here this weekend. I focused on healing my body as fast as I could and feel so grateful to have made it. @Max33Verstappen did a great job, as did @ValtteriBottas, and it’s great to see McLaren so close. I will give it my all tomorrow ?? pic.twitter.com/V6FCNAsM1Z
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) December 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА