Данска ги задржа шансите за полуфинале на ЕП

Домаќинот на женското европско ракометно првенство ја декласираше Шпанија со 34-24 и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.

Данките уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот добивајќи го со 17-10. Во вториот дел рутински ја завршија работата за конечни 34-24.

Миа Реј Биструп со шест гола беше најефикасна кај победникот, додека кај Шпанките Алисиа Фернандез постигна четири гола.

Се вчитува...