Прва лига – ПОД ЛУПА: Шкендија е есенски шампион, Вардар уште ‘продава’ бодови

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 17. КОЛО

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО – МАРТИН МИРЧЕВСКИ (Вардар) 

Одличен натпревар за напаѓачот на Вардар. Стрелец на вториот гол за црвено-црните, а комплетно го изработи и вториот гол на својот тим. За жал неговата партија не беше крунисана со три бода за тимот на Александар Васоски.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

Захариевски сезонава беспрекорно го води струшкиот тим. Струга ТЛ реди одлични партии, запишувајќи и победа против Работнички за четврта позиција на табелата.

=======================================================================================

ТРАГИЧАР НА КОЛОTO: Филип Илиќ (Вардар)

Голманот на Вардар направи голема грешка при вториот гол на Македонија ЃП и дозволи тимот од Ѓорче Петров да освои бод, иако „црвено-црните“ на половина час до крајот на мечот имаа предност од 2-0.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Матеј Цветановски (Вардар) 

Прекрасна акција на вардарци. Ја почна Попзлатанов, па извонредно соло-продорот го заокружи Мирчевски кој сервираше топка за рутинска реализација на Цветановски.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: ‘Лавовите’ сезонава летаат баш високо… 

Се вчитува...