Осмото коло од Втората лига ќе биде одбележано по најмалиот број на натпревари одиграни во едно коло, само три од предвидените десет натпревари.
Во групата „Исток“ беше одигран само дуелот помеѓу Струмица и Ролинг 08 во кој домаќините славеа убедливо со 89-65. Одложени беа дуелите помеѓу Ангели и МКК Куманово, Куманово 2 и Шкупи, Феникс 2010 и Баскет КАМ, како и дуелот Борец Баскет-Проваскет.
Во групата „Запад“ се одиграа два дуела во кои битолските тимови загубија на гостувањата. Хераклеа „киксна“ на гостувањето кај Риниа со 71-64, додека Тетекс ТКК го одбрани домашниот терен од Пелистер Медика Карта откако славеше со 101-80. Одложени беа дуелите помеѓу Мега Баскет и Спарта, Спорт Тим и Чаир 2030, и Партизан Водно Санс-ГКК Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА