Наполи и Елиф Елмас ја добија шпанска Гранада за противник во првата нокаут рунда во фудбалската Лига Европа. Динамо Загреб и Аријан Адеми добија добар противник во шеснаесеттина финалето. Хрватскиот тим таму ќе се сретне со рускиот Краснодар што е противник со кого може да се надигруваат.
Манчестер Јунајтед ќе игра со Реал Сосиедад тим кој игра во одлична форма во домашниот шампионат. Интересно се очекува да биде и во двомечот меѓу Бенфика и Арсенал. Белградска Црвена Звезда за противник го извлече италијанскиот гигант Милан, додека Лестер ќе се сретне со Славија Прага.
Првите натпревари се закажани за 18. февруари, додека реваншите ќе се играат на 25. февруари.
ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ
Волфсбергер – Тотенхем
Динамо Киев – Клуб Бриж
Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед
Бенфика – Арсенал
Црвена Звезда – Милан
Антверпен – Ренџерс
Славија Прага – Лестер
Салцбург – Вилјареал
Брага – Рома
Краснодар – Динамо Загреб
Јанг Бојс – Баер Леверкузен
Молде – Хофенхајм
Гранада – Наполи
Макаби Тел Авив – Шахтјор Доњецк
Лил – Ајакс
Олимпиакос – ПСВ Ајднховен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА