Игор Кокошков се соочува со огромни проблеми да го разбуди заспаниот џин Фенербахче, откако турскиот гигант бележи слаби игри од самиот почеток на оваа сезона. Фенер моментно се наоѓа на 14. место во Евролигата, а кризата се продлабочи и во турското првенство, откако избраниците на Кокошков примија 35 поени во последната четвртина од Каршијака и на крајот претрпеа неочекуван пораз.
За проблемите да бидат уште поголеми, повреди на овој натпревар заработија двајца клучни кошаркари на Фенербахче, Јан Весели и Лоренцо Браун. Весели има проблем со мускулот и ќе мора да паузира најмалку десет дена од терените, додека Браун има проблемот со зглобот и се уште е неизвесно дали ќе може да помогне на утрешниот дуел од Евролигата против Милано.
Фенербахче неделава има два тешки натпревари во Евролигата, дома со Милано и на гостински терен со Жалгирис, a во случај на два порази не се исклучува можноста Кокошков да добие отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА