Кик-боксот вклучен како спорт во Европските олимписки игри 2023

Кик-боксот е вклучен како спорт учесник на Европските олимписки игри 2023 кои ќе се одржат во Полска од 21. јуни до 2. јули, информираат од Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија.

Од КМФМ го пренесуваат и писмото од Европската ВАКО федерација со кое се информираат европските членки за вбројувањето на кик-боксот во европските олимписки спортови.

„Европските игри се мултиспортски настан од светска класа со глобален отпечаток, со кој се слават најдобрите спортисти во Европа во клучна сцена на патот кон Олимписките игри и се водат под покровителство на EOC и IOC. Во 2023 година ќе биде 3. издание на овој формат на олимписки спортови и ние ќе го следиме нашиот спорт во рамките на олимпиското семејство на спортови. Огромна благодарност мора да се упати до претседателот на ВАКО и поранешниот претседател на Европа, Рој Бејкер, предводник на оваа иницијатива, заедно со Томаз Барада, Катарина Кочишевска и Истван Кирали, вршител на должноста европски претседател.  Одличен тим со одличен резултат за нашите спортисти и членови во Европа. Оваа позитивна позиција е резултат на неколкугодишна напорна работа каде што конечно, ВАКО e одобрен како дел од програмата за прв пат. Изразуваме длабока благодарност до г-дин Јанез Коцијанчич од Словенија, претседател на Европскиот олимписки комитет, кој веруваше во нас и ја даде целата своја поддршка на нашиот пат.  За жал, тој ненадејно почина оваа година, но тој ќе остане во нашите мисли“ – се вели во дописот од Европската ВАКО федерација.

Се вчитува...