ЦСКА Москва со „стотка“ го испрати Ефес назад во Турција

ЦСКА Москва ќе преноќи на првата позиција во Евролигата откако на домашен терен убедливо славеше над Ефес со 100-65. Тимот од главниот град на Русија предноста ја стекна уште во првата четвртина, а добриот ритам „армеиците“ не го испуштија до самиот крај на натпреварот.

Прв стрелец во домашниот тим со 22 поени беше Вил Клајбурн, додека Дарун Хилијард натпреварот го заврши со 16 поени и 5 скока. Кај гостите од Турција, 14 поени забележа Василије Мициќ, додека двоцифрен беше и Брајант Данстон со 13 поени и 7 скока.

Двојното коло во Евролигата не им остана време на двата тима за одмор бидејќи веќе во четврток Ефес на домашен терен го пречекува Милано, додека во петок на ЦСКА Москва и претстои руското дерби против Зенит.

Се вчитува...