Црвена Звезда е во криза, атинската драма со среќен крај за Реал Мадрид

Црвена Звезда со пораз влезе во двојната викенд програма на Евролигата, откако на домашен терен, „црвено-белите“ беа поразени по дополнителни пет минути со 8490 од Алба. „Црвено-белите“ најпрвин прокоцкаа предност од 14 поени во регуларниот дел, а германскиот тим потоа го доби продолжението со 8-14 и стигна до шестата победа во сезоната. Лојд со 21 поен беше прв стрелец кај домаќините, а исто толку постигна и Ло за гостите, кој имаше и пет асистенции.

Ова беше петти пораз во низа за „црвено-белите“ во Евролигата, по што се зголемува притисокот врз тренерот Саша Обрадовиќ, кој воопшто не ги оправда очекувањата на управата и на навивачите на шампионот на АБА-лигата.

Педесет минути им беа потребни на Панатинаикос и Реал Мадрид за да се добие победникот на драматичниот натпревар во Атина. На крајот се радуваа гостите од Мадрид кои славеа со 93-97. Немања Недовиќ ги предводеше Грците со 27 поени и 3 скока, додека дабл-дабл учинок од 20 поени и 14 скока оствари Таварес кај шпанскиот состав.

По победата над Зенит во претходното коло, Фенербахче повторно претрепе пораз, овој пат на домашен терен против Милано со 71-79.  Турскиот состав не можеше да се врати во игра по лошата претстава во втората и третата четвртина и покрај добрата игра на крајот на натпреварот. Пјер го предводеше Фенербахче со 16 поени и 5 скока, додека Ледеј постигна 15 поени и 7 скока за гостите.


Покрај нив славеше и Жалгирис кој ја прегази Басконија на домашен терен со 9273. Милакнис беше првото име кај Литванците со 15 поени, додека во спортивниот табор Фал натпреварот го заврши 14 поени и 4 скока.

 

Се вчитува...