Џани Алиоски донесе водство за Лидс од 4-2 со маестрален гол во 86. минута. Нашиот репрезентативец одлично ја истрча контрата на својот тим и на крајот рутински стрелаше за многу важни три бода за тимот од „Илан Роуд“. Ова за нашиот репрезентативец беше гол првенец во најсилната фудбалска лига во светот.
До крајот на натпреварот Лидс постигна и петти погодок, преку Харисон, за убедлив триумф и прекин на мини-серијата од слаби резултати во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

