Ненад Димитријевиќ и Хувентуд стигнаа до значајна победа на гостувањето против Обрадорио (83-87), за скок на петтото место на табелата во Ендеса-лигата, со два бода помалку и меч помалку од шампионот Басконија, кој моментно се наоѓа на четвртата позиција на табелата.
Тимот од Бадалона се наоѓаше на работ на пораз, откако домаќините со тројка на 2:45 минути до крајот поведоа со 83-76. Сепак, Хувентуд покажа карактер кога беше најважно, па предводен од капитенот Вентура го заврши мечот со серија од 11 поени, правејќи голем пресврт и стигнувајќи до заслужен триумф.
Македонскиот плејмејкер одигра нецели 15 минути, период во кој реализираше пет поени и имаше три загубени топки. За среќа на Хувентуд, расположени за игра беа искусните Рибас со 20 и Томиќ со 15 поени, кои заедно со Вентура беа најзаслужни за вечерашната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА