Српскиот интернационалец Марко Гудуриќ по година и пол помината во НБА лигата се врати во Европа каде повторно ќе го носи дресот на Фенербахче, кој се мачи во Евролигата оваа сезона.
Гудуриќ својата кариера ја започна цо Црвена Звезда, а по две сезони поминати во турскиот состав, 25-годишниот бек заигра во најсилната кошаркарска лига на светот настапуваше за Мемфис. На 44 одиграни натпревари бележеше скромен просек од 3.9 поени по натпревар, а најдобриот натпревар го одигра против Шарлот кога постигна 17 поени.
Фенербахче игра катастрофално во последно време, се наоѓа во серија од четири порази (три во Евролигата, еден во турското првенство), па нема сомнеж дека Гурудиќ ќе му биде од огромна помош на тренерот Кокошков во обидот да го врати тимот на победнички патеки.
? Marko Guduric! ?? pic.twitter.com/XiCgL3RJdb
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) December 18, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА