Ред Бул го шутна Албон, Ферстапен со нов партнер во 2021 година

Александер Албон добива отказ по само една година мината во Ф-1 тимот на Ред Бул, откако раководството на оваа екипа реши да се раздели од тајландскиот возач по само една сезона меѓусебна соработка.

Албон во 2019 година имаше добри настапи во тимот на Торо Росо, што беше препорака за тој во 2020 да биде прекомандуван во Ред Бул. Сепак, овој возач воопшто не ги оправда очекувањата, остана целосно во сенка на Макс Ферстапен, по што беше донесена одлука за прекин на соработката.

Ред Бул веќе го избра и неговиот наследник Мексиканецот Серхио Перез, остана без ангажман по истекот на договорот со Рејсинг Поинт. Перез блесна на втората од двете трки во Бахреин, кога ја забележа првата победа во кариерата, доволна препорака за Ред Бул да го доведе во своите редови како тимски колега на Макс Ферстапен.

Се вчитува...