Многу сум среќен за Роберт Левандовски, тој го заслужи признанието за најдобар играч на годината. Оваа сезона Роберт е феноменален – изјави тренерот на Баерн, Ханси Флик за гласовите од изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во 2020-та. За голман на годината беше избран колегата на Роберт, Мануел Нојер, а Јирген Клоп го понесе признанието најдобар тренер.
Германецот исто така додаде дека е се чувствува разочарано заради малиот број на признанија кои досега ги има добиено еден толку добар фудбалер како Левандовски.
Исклучително сум среќен за наградите на Роберт и Мануел Нојер, и двајцата заслужуваат признанија затоа што одиграа феноменална сезона, тие заслужуваат многу повеќе, потенцира Ханси.
Флик призна дека во четвртокот тој и неговиот персонал очекувале триумф во нивната категорија, најдобар тренер.
„Јирген исто така ја заслужи наградата. Сепак, ние сме разочарани, бидејќи јас и моите пријатели од стручниот штаб на Баерн заслуживме награда“. Но, продолжуваме понатаму и нема да се вртиме назад, не очекуваат нови предизвици, рече Флик.
Во четвртокот, Роберт Левандовски е прогласен за фудбалер на годината на „ФИФА“, победувајќи ги своите противници Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Ова со сигурност ќе остане посебен ден за полскиот фудбалер и играч на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА