Покрај за триумф на „милионерите“ против Унион, подарок квоти за денес се и за победа на Галатасарај (1,80) против Карагумрук и на Легија против Стал Миелец (1,35).
Затиште пред бура. Најголемата возбуда нè очекува овој викенд, но тоа не значи дека денес фудбалското мени е без понуда. Покрај тоа, многу клубови денес ќе ни подготват увертира за тоа што не очекува престојните два дена. Затоа пак Mozzart, како што веќе навикнавте во претходниот период и овој пат подготви промо квоти на одредени натпревари, а вие пробајте некаде да најдете поголеми!
Унион Берлин – Борусија Дортмунд, двојка 1,95
Унион втора сезона по ред продолжува да ја изненадува германската фудбалска јавност. Со само еден истакнат поединец, Макс Крузе, екипата на Урс Фишер во воведните 12 кола има доживеано само два порази. Сезоната ја отворија со неуспех против Аугсбург, но во наредните 11 натпревари претрпе само уште еден пораз, во градското дерби против Херта и, иако на последните 5 натпревари примаше по минимум еден гол, се наоѓа на високата шеста позиција на табелата, која на крајот од сезоната води во квалификациите за Лига Европа. Дортмунд пак, од друга страна, има еден пораз повеќе, но и само едно реми, па во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата, шест бодови зад Леверкузен, односно пет зад Баерн и Лајпциг. Претходната недела „милионерите“ доживеаја дебакл на свој терен од Штутгарт (1:5), а по ззавршување на овој натпревар, Лусиен Фавр доби отказ. Екипата по минатонеделниот дебакл, во средината на оваа недела одговори позитивно, но Вердер го совлада доста мачно и во финишот на натпреварот, а со тоа се врати на победнички колосек. За почеток на триумфалната низа на Дортмунд квотата во Mozzart на двојка е подарок – 1,95. Пробајте да најдете поголема квота.
Карагумрук – Галатасарај, двојка 1,80
Не му беше потребно многу на Галатасарај да застане на нозе по минатогодишниот крах. По освојувањето на две по ред шампионски титули, екипата на Фатих Терим минатата сезона заврши на шестото место на табелата, па за да избори пласман во групната фаза во Лига Европа мораше да ги мине и квалификациите. Но, сепак не успеа, каде во последното коло им се испречи Ренџерс, па клубот од Истанбул оваа сезона е ослободен од континентални обврски, мамсимално фокусиран на домашниот шампионат. Елиминација од шкотскиот претставник предизвика благ шок во редовите на турскиот великан. Следеа два порази во првенството, но екипата брзо се стабилизираше. По неуспехот на домашен терен од Аланијаспор, Галатасарај врза шест првенствени дуели без пораз: пет победи и еден реми, па гостувањето кај Карагумрук (17:00 ч.) во водениот меч од 13. коло на турската Супер Лига го дочекува од втората позиција, со натпревар помалку од водечката Аланијаспор. Бидејќи, конечно по 37 години дочекаа враќање во елитата, Во Карагумрук посакуваат да избегнат експресно враќање чекор назад. Затоа летово покрај Зукановиќ, ги доведоа и Лукас Биља, Емилиано Вивиано, Мевлут Ердинч, а од Галатасарај го позајмија Џими Дурмаз. И почетокот на сезоната беше охрабрувачки. Во воведните седум кола освоија 11 бодови, но во наредните пет впишаа само една победа. Во голема мера на резултатите влијаеше и фактот што домашните натпревари не ги играа на својот стадион. За меѓусебните дуели во домашниот шампионат не треба да се трошат зборови со оглед на тоа што долго време истите ги немаше, односно последниот беше пред полни четири децении, а на теренот меѓу учесниците беше и актуелниот тренер на Галатасарај, Фатих Терим. Квотата за победа на гостите е одлична – 1,80. Подарок квота, проверете дали некаде има поголема!
Легија Варшава – Стал Миелец, кец 1,35
Легија е решена оваа сезона да ја одбрани титулата и да се осамостои по бројот на освоени титули во полскиот шампионат. Во моментов по 14, покрај варшавскиот гигант имаат и Рух и Горник, еден од конкурентите на Легија во овогодинешната борба за титулата. Екипата слабо влезе во новата сезона, во воведните четири кола претрпи два неуспеха, но потоа следеше серија од девет натпревари без пораз: седум победи и две ремија впиша полскиот шампион и се зацврсти на лидерската позиција. Стал Миелец од друга страна пак, славеше само два пати откако сезонава се врати во најсилниот ранг и нема сомнеж дека во продолжението на сезоната го очекува тешка задача доколку сака да го зачува прволигашкиот статус. Тие го имаат четвртиот најнеефикасен напад и втора најслаба одбрана во Екстракласа, па не му се пишува добро пред гостувањето кај Легија, која на последните пет натпревари дома постигнуваше по два гола. Домаќините се фаворити, а Mozzart ви подготви подарок квота на кец – дури 1,35.
*НАПОМЕНА: Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет.
Уживајте и заработете со помош на најголемите квоти во Mozzart.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА