Одбојкарите против Израел, Данска и Кипар во „Сребрената лига“

Oдбојкарската репрезентација на Македонија ги доби за противници Израел, Данска и Кипар во сребрената лига. Иако со успешниот настап на Европското првенство во групата во Љубљана, а и според рејтингот, во годината што изминува ја заработија привилегијата да учествуваат во Златната европска лига, сепак, и во 2021-ва македонските одбојкари повторно ќе бидат дел од понискиот ранг од престижното натпреварување – таканаречената Сребрена европска лига.

Ваква е одлуката на ЦЕВ базирана на системот за рангирање, без оглед што од завршувањето на континенталниот шампионат во 2019-та воопшто немаше репрезентативни активност, а годинашното издание на Европската лига воопшто не се одржа поради пандемијата.

Првиот турнир е во Данска од 28-ми до 30-ти мај, вториот во Македонија од 4-ти до шести јуни, а за деновите од 25-ти до 27-ми истиот месец е предвиден завршен турнир, за чијашто организација аплицираше и Одбојкарската федерација на Македонија. За ова ЦЕВ ќе одлучува дополнително.

Се вчитува...