Пелистер 2 му го нанесе првиот пораз на Металург во А групата од ракометната Суперлига на Македонија. Тренерот на битолчани Александар Јовиќ вели дека е задоволен од триумфот и дека очекува со ист пристап да бидат неговите ракометари и во следните натпревари.
„Честитки и за Металург и за мојата екипа за фер и коректниот натпревар. Не е мала работа да се победи Металург, се работи за еден од водечките клубови во нашата земја. Имавме среќа , очигледно кај нив влиајеше изолацијата од десет дена. Во овие моменти мора да се снаоѓаме, да тренираме и да играме натпревари во условите кои ги имаме. Имавме лош старт и еден голем плус за моите ракометари е што веруваа дека може да победат. Цела недела се спремавме за овој натпревар и цело време потенцирав дека може да загубиме, но не смее да нè надиграат во борбеност“, изјави Јовиќ.
Со овој триумф тимот од Битола е на чекор до пласман во плеј-офот во ракометната Суперлига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА