Кошаркарите на Црвена Звезда конечно забележаа победа во Евролигата, откако на домашен терен ја совладаа шпанска Валенсија со 76-73. Белграѓани одлично го отворија натпреварот и по првото полувреме имаа предност од 45-36.
Сепак, повторно следеше голем пад кој во третата четвртина го искористија гостите и успеаја целосно да се вратат во натпреварот (59-58). Во последниот период црвено-белите успеаја некако да останат сконцентрирани и на крајот да дојдат до победа од 76-73.
Џордан Лојд со 20 и Џони О’Брајант со 15 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Клемен Препелиќ беше најефикасен со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА