Шкупи пред реализација на милионски трансфер: Дембо Дарбо пред преселба во Германија!?

Се појасно е дека Шкупи за пролетниот дел од сезоната ќе остане без својот најдобар фудбалер, Гамбиецот Дембо Дарбо кој е на мета на бројни европски клубови.

Чаирчани се пред можност да реализираат милионски трансфер, еден од најголемите во историјата на македонскиот фудбал, ако се суди според интересот кој постои за 22-годишниот Дембо Дарбо.

Според последните информации, и покрај огромниот интерес од неколку клубови од Белгија и Холандија, Дарбо е пред преселба во германската Бундеслига од каде до Шкупи е пристигната понуда која тешко се одбива.

Дарбо изминатава полусезона е најдобар стрелец во македонскиот шампионат, постигнувајќи 16 погодоци на 18 натпревари.

Се вчитува...