Атлетико Мадрид експресно се врати на победнички патеки по поразот на градското дерби со Реал, триумфирајќи со 3-1 на домашен терен против Елче и искачувајќи се осамен на првото место на табелата.
Во главна улога беше Луис Суарез, кој веќе во третата минута беше соборен во противничкиот шеснаесетник за пенал, но судијата ја промени одлуката по ВАР-прегледот кој утврди дека Уругваецот се наоѓал во минимален офсајд. Суарез продолжи со одличниот настап, за што беше награден со два гола, првиот на крајот од првото, вториот на стартот од второто полувреме.
Елче намали на 2-1, Облак имаше и одлична интервенција со која спречи израмнување, пред Диего Коста од пенал да ги постави конечните 3-1 на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

