Војдан Стојановски и Данкерк по пауза од нецели два месеци се вратија на терен, триумфирајќи на дуелот против Шалон со резултат 84-80. Тимот на Данкерк својот последен меч го имаше одиграно на 24 октомври, по што следеа неколку одложени натпревари, па СТојановски и соиграчите дури вечерва излегоа на терен на еден официјален натпревар.
Предолгата пауза дефинитивно се одрази врз нивното издание, па гостите од Шалон доминираа во првите три четвртини од натпреварот. Сепак, како клучни се покажаа последните десет минути во кои домашните кошаркари се вратија од двоцифрена негатива, ја добија четвртата четвртина со убедливи 30-14, и со голем пресврт стигнаа до победата.
Војдан Стојановски ја одигра целата четврта четвртина за својот тим, минувајќи на теренот вкупно 23 минути, период во кој постигна шест поени (2/4 за три, 0/1 за два поени), надополнети со по еден скок и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА