Баерн Минхен се проби на врвот од табелата во Бундеслигата, откако во дербито на 13. коло славеше на гостувањето против лидерот Баер Леверкузен со 1-2, со голот на Роберт Левандовски во 93. минута.
Леверкузен дојде до предност на мечот со голот на Патрик Шик уште во 14. минута од средбата, но Левандовски во 43. минута донесе израмнување. На крајот Леван-голски уште еднаш стрелаше за триумф на баварскиот тим.
Со оваа победа Баерн Минхен се проби на врвот со 30 бода, сега два повеќе од Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

