Пеле му честиташе на Меси: Горд сум на тебе Лионел и ти се воодушевувам

Лионел Меси беше стрелец на гол во ремито на Барселона со Валенсија (2-2), погодок со кој стигна до бројката од 643 во каталонскиот тим. Со овој учинок тој се израмни со легендарниот Пеле на врвот на вечната листа на фудбалери кои постигнале голови за еден тим.

„Кога твоето срце е полно со љубов, тешко е да се промени патот. Баш како и ти, знам како е да го носиш истиот дрес секој ден. Како и ти знам дека ниедно место не е така добро како во тоа каде што се чувствуваш како дома. Честитам на историскиот рекорд Лионел. Честитам на прекрасната кариера во Барселона. Приказни како нашите толку долго да сакаме еден тим се навистина ретки во денешно време. Ти се воодушевувам“, напиша Пеле. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Се вчитува...