Шефот на Ферари Матија Биното смета дека првата сезона во Формула 1 ќе биде многу тешка за новиот возач на Хас, Мик Шумахер. Младиот Германец годинава триумфираше во Формула 2 шампионатот со што тргна по стапките на својот татко Михаил.
„Мислам дека ќе му биде многу тешко на почеток. Ако погледнеме како возеше во Формула 2 и Формула 3, најдобрите резултати ги имаше во втората сезона. Мик обично во текот на првата сезона учи како да стане подобар. Верувам дека ќе биде така и сеа“, изјави Биното.
Младиот Шуамхер во Хас во новата сезона за совозач ќе го има Русинот Никита Мазепин за кој исто така ова ќе биде прва сезона во „најбрзиот циркуз“ во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА