Нант се наоѓа во сериозна резултатска криза откако тимот на нашиот Кире Лазаров го претрпе и четвртиот пораз во серија, губејќи на гостувањето против Мотор со резултат 29-28. Оваа „црна серија“ почна токму со пораз од Мотор на домашен терен во Лигата на Шампионите, се очекуваше денешниот дуел да претставува одмазда на Лазаров и соиграчите, но наместо тоа францускиот вицепрвак забележа нов неуспех во елитното европско натпреварување.
Мечот беше израмнет од самиот почеток, на одмор се замина со 13-13, за Нант нешто подобро да го стартува второто полувреме. Французите имаа водство од 19-22, потоа и 25-27, но како пресудна се покажа серијата од 4-0 што Мотор ја направи во самата завршница, стигнувајќи до пресврт и нов триумф, шести во низа за украинскиот првак во ЛШ.
Лазаров постигна три гола од вкупно седум обиди, најефикасен кај Нант беше Мин со осум погодоци, а прв стрелец на Мотор при денешниот триумф беше Бокхан со девет посстигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА