По поразот во Битола од Еурофарм Пелистер 2, тимот на Металург дојде и до осмата победа сезонава во Суперлигата, триумфирајќи на гостински терен против Работнички со 26-31.
Уште во првото полувреме „металурзите“ покажаа дека размислуваат само на победата, стекнувајќи со со предност од 12-14 за паузата, и покрај тоа што во еден момент имаа предност и од пет гола (9-14).
Во второто полувреме уште поубедлива игра на гостите, па откако на десет минути пред крајот беше 21-28 веќе јасно стана кој ќе ја однесе победата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хорват и Додиќ со по шест постигнати погодоци, додека кај Работнички се издвои Ончев со 12 гола а Крстевски постигна шест погодоци.
Металург е на врвот од табелата со осум победи и само еден пораз, додека Работнички остана на претходно стекнатите три победи од десет досега одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА