Манчестер јунајтед запиша помалку неочекувано убедлива победа од 6-2 во голеадата на „Олд Трафорд“ во 14. коло од Премиерлигата.
Се на натпреварот беше решено кога Мектоминеј во 2. и во 3. минута за првпат во историјата во Премиерлигата постигна два гола во воведните три минути.
До полувремето потоа следеа голови и на Бруно Фернандеш во 20. минута и Линделоф во 37. минута, а Купер во 42. минута само малку ја ублажи предноста на домашните за 4-1 на полувремето.
Во вториот дел, Џејмс во 66. минута и Фернандеш во 70. минута од пенал донесоа и 6-1 за Јунајтед, а Далас во 73. минута за прекрасен евро-гол ги постави конечните 6-2.
Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го одигра целиот натпревар на „Олд Трафорд“ во дресот на Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА