Британците избираа спортска личност на годината – Хамилтон пред Хендерсон…

Луис Хамилтон е изборот на британската јавност за спортска личност на 2020 година, откако актуелниот Ф-1 шампион ја победи конкуренцијата во трката за ова престижно признание што традиционално го доделува телевизиската мрежа ББЦ. За Хамилтон ова е втора ваква наград, откако првата ја освои во 2014 година.

35-Годишниот возач имаше извонредна сезона, го урна рекордот на Михаел Шумахер за најмногу победени трки во Формула 1, воедно и го израмни рекордот на легендарниот Германец со седум титули светски првак во „летечкиот циркус“. Тоа беше доволно за Хамилтон да го освои првото место пред фудбалерот Џордан Хендерсон и џокејот Холи Дојл. Зад Дојл во трката за ова признание останаа боксерот Тајсон Фјури, крикет-играчот Стјуарт Борд и снукер-легендата Рони О’Саливен.

„Сакам да им честитам на сите оние кои беа во финалето, сите имаа извонредни резултати годинава. Не очекував победа бидејќи конкуренцијата беше жестока, им благодарам на сите оние кои гласаа за мене“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...