Продолжувајќи со цврстата определба за постојана промоција на младите талентирани фудбалери како иден темел на екипата, ФК Брегалница потпиша прв професионален договор со еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Љупче Кудев.
Брегалница и 17-годишниот Кудев, кој е производ на штипската школа и младински репрезентативец на Македонија, потпишаа договор за петгодишна соработка.
„Согласно принципите за постојана промоција на младите фудбалери наше задоволство е потпишаниот договор со една од нашите најголеми надежи Љупче Кудев. Брегалница останува одлучна паралелно со добро познатите амбиции за резултатска успешност, максимално да остане посветена и на изградбата на иднината на клубот преку поддршка на сопствените производи“ – истакна извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев за официјалната интернет страница на клубот, по потпишувањето на договорот со Кудев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА