Младата бразилска пливачка Маријана Френклин Фереира почина од последици на коронавирусот Ковид-19.
Маријана пред еден месец, наводно, го преболела коронавирусот, но неодамна повторно покажала симптоми по што итно е хоспитализирана, каде и починала.
14-годишната Фереира, која беше и потенцијална олимпијка на Бразил, на 9. и 10. декември настапила на пливачки митинг во Сантош, по што почувствувал болки во телото и главата. По пристигнувањето дома симптомите биле се поизразени, а бидејќи имала ниска сатурација веднаш е хоспитализирана каде е утврдена пневмонија. Иако се чинеле дека состојбата е стабилизирана, по само 24 часа е ставена на респиратор по два тешки напади. Но, нејзиниот организам не ја издржала таа битка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА