Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, е задоволен од одработеното на тренинг-кампот на кој учествуваше и селекцијата до 19 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани.
Двете селекции одиграа контролен натпревар, а Милевски ги споделува размислувањата во однос на реализираната програма.
„Го реализираме тоа што всушност го имаме во програмата за овој тренинг камп. Важно за нас е да имаме појасна слика пред се за индивидуалниот потенцијал и квалитетот на фудбалерите. Токму затоа денеска имавме и тестирања за брзинските карактеристики на секој поединец. Првиот контролен натпревар ни даде слика за одредени работи, мислам дека извлековме доста позитивни работи, но мораме да имаме во предвид дека ова се фудбалери кои прв пат се заедно. Тренинзите и натпреварите се корисни и за нас, но и за селекцијата од 2002. година каде што има одлични фудбалери. Тоа е група на фудбалери кои исто така можат да ја зголемат конкуренцијата, но и генерација која има важни квалификации следната година. Мислам дека заеднички можеме да си помогнеме и да создадеме одредена база за блиска иднина, изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА