Елмас не мрда од Наполи, фокусот во 2021 е настапот за Македонија на ЕП

И покрај бројните шпекулации за негово напуштање на редовите на Наполи во зимскиот преоден рок, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не мрда никаде од редовите на италијанскиот прволигаш до јуни. Ова, во изјава за италијанските медиуми, го потврди неговиот агент за италијанскиот пазар, Џорџо Гарди.

„Елмас ќе ја заврши сезоната во Наполи, а потоа неговиот фокус е целосно кон настапот за Македонија на Европското првенство. Ова е единствената вистина“ – вели Гарди.

Не е тајна дека Борусија Дортмунд, Лидс, Бенфика се дел од клубовите кои се заинтересирани за било каков ангажман на Елмас, но веќе е јасно дека еден од најголемите европски таленти останува во клубот до крајот на сезоната.

Се вчитува...