Организаторите на олимписките игри во Токио ќе потрошат 900 милиони долари на мерки за заштита од коронавирус, како би спречиле ширење на заразата на најголемата спортска смотра која ќе се одржи од 23. јули до 8. август 2021 година.
„Сакаме да направиме најдобар можен систем како би биле во постојан контакт со докторите и медицинските сестри. Голем проблем е да ангажираме персонал, бидејќи во моментов сите имаат проблем со тоа, поради ситуацијата со коронавирусот“, изјави извршниот директор на игрите, Тоширо Муто.
Игрите требаше да се одржат годинава, но се одложени за следната поради пандемијата од коронавирусот. Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга изјави дека и покрај сите проблеми игрите сто отсто ќе бидат одржани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА