Селекцијата до 19 години предводена од Шкумбин Арслани славеше со 3-1 против селекцијата на фудбалери до 21 година на вториот контролен натпревар од тренинг кампот во Охрид.
По првиот пораз, репрезентативците до 19 години сега им се реваншираа на нешто повозрасните македонски фудбалери. Берат Калкан во 13. и 33. минута ги постигна головите за селекцијата до 19 години за водство од 2-0 на полувреме. Марко Ѓорѓиевски од пенал во 74. минута даде погодок за намалување на предноста на 2-1, но пред крајот од натпреварот, најстрога казна реализираше Зуфер Шаини за конечни 3-1.
МАКЕДОНИЈА до 19 години: Стефан Тасев, Славе Маркоски, Виктор Крстевски, Мартин Величковиќ, Бехар Фета, Зуфер Шаини, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Октај Ракипи, Берат Калкан;
Иван Николоски, Филип Костовски, Константин Коцев, Фитон Адеми, Арда Окан Куртулан, Иван Николов, Дамјан Трајаноски, Хамза Рамани, Дарио Марковски, Спасе Терзиев, Бесард Џемаили.
МАКЕДОНИЈА до 21 година: Матодија Велковски, Марко Симуновиќ, Матеј Николов, Јован Манев, Али Рамин, Флорент Рамадани, Бесник Ферати, Јакуп Бериша, Емир Скендери, Зоран Ивановски, Давид Калапачки;
Александар Анѓелкоски, Иљази Ардит, Александар Ѓурковски, Кристијан Додевски, Георге Јанкулов, Бојан Димоски, Али Адем, Арби Воша, Марко Ѓорѓиевски, Муарем ШУхељ, Енсар Љума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА