Елмас и Наполи едвај извлекоа бод, триумф за Џенова, Милан до победа во 92. минута (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова конечно до победа во Серија А, Наполи и Елиф Елмас неочекувано само до бод на домашен терен со Торино, а пораз и на Илија Несторовски со Удинезе во 14. коло од италијанскиот шампионат.

Пандев имаше повеќе од значајна улога во триумфот на Џенова, мајсторски асистирајќи за првиот погодок на својот тим кој дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Специја. Голот за триумф за Џенова го постигна Кришито од пенал во 73. минута. Пандев одигра од првата минути на дуелот се до 74. минута кога беше заменет од Скамача.

Елиф Елмас, пак, влезе во игра во 30. минута за Наполи кој ремизираше (1-1) Торино. Гостите дојдоа до водство со голот на Ицо во 56. минута, а Инсиње во 92. минута успеа да ги спаси наполитанците од пораз.

Napoli 0-1 Torino – Armando Izzo 56′ from r/soccer

Napoli [1]-1 Torino – Lorenzo Insigne 90’+2′ from r/soccer

Несторовски ги одигра последните 20 минути за Удинезе кој загуби на домашен терен од Беневенто со 0-2.

Во дербито на колото Милан славеше против Лацио со 3-2, со голот на Хернандез во 92. минута.

Milan [3]-2 Lazio – Theo Hernandez 90’+2′ from r/soccer

Претходно, Ребиќ и Чалханоглу во 10. и во 17. минута донесоа брза убедлива предност од 2-0 за „миланезите“, но Алберто со гол во првиот дел, и Имобиле во 59. минута израмнија за тимот од Рим, кој сепак до крајот не успеа да го избегне поразот.

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Милан – Лацио 3-2

Рома – Каљари 3-2

Наполи – Торино 1-1

Специја – Џенова 1-2

Удинезе – Беневенто 0-2

Болоња – Аталанта 2-2

Сампдорија – Сасуоло 2-3

Се вчитува...