„Плукањето на Маркус, предизвика срам за целото наше семејство“

Бундеслигата е во шок, откако камерите забележаа како играчот за врска на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам, го плукна својот колега од противничката екипа.

Тирам заработи суспензија поради ваквиот потег, клубот му ја одзеде месечната плата, а Бундеслигата го казни со пауза од пет натпревари. Плукањето отсекогаш претставувало сериозно кршење на спортскиот „бон тон“, а во време на оваа пандемија, тоа навистина не смее да се случува.

Сега, по повод овој скандал, се огласи и таткото на Маркус, Лилијан. Тој е еден од најдобрите одбранбени играчи во историјата на Франција, а сега ја поддржа казната за неговиот син и го осуди ваквкиот потег.

“Она што се случува во медиумите е целосно разбирливо. Го гледав натпреварот и бев во шок. Се прашував дали ова навистина е мојот син”, изјави шокираниот Лилијам.

Тој откри дека разговарал со неговиот син, а тој му рекол дека ова не го сторил тоа намерно.

Маркус ми кажа: „Тато, не сакам луѓето да мислат дека сум способен да плукам некому намерно, бидејќи тоа нема никаква смисла. Првата личност што ја повика додека се уште беше во соблекувалната беше неговиот помлад брат, за да му каже: Кефрен , Не го сторив тоа намерно, викав, бев лут. Мислам дека тој прво му се извини на својот брат, додаде легендарниот Тирам.

Се вчитува...