Хасани потпишува со Тирана до јуни 2022 договор за 300.000 евра

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани наредниве денови се очекува и официјално да биде промовиран во дресот на еден од најдобрите албански клубови, ФК Тирана.

Хасани со албанскиот суперлигаш ќе потпише договор до јуни 2022 година, за вкупна сума од 300.000 евра, плус и дополнителни бонуси за освоена шампионска титула на клубот.

Откривајќи ги и деталите од договорот меѓу Тирана и Хасани, албанските медиуми пренесуваат дека македонскиот репрезентативец ќе живее и во една од најлуксузните резиденции во главниот град на Албанија, а на основниот договор ќе има и дополнителни бонуси врз основа на ефектот на терен, што го прави дефинитивно можеби и најплатениот фудбалер во албанскиот шампионат.

Хасани, како што е познато, како слободен фудбалер се сели во Тирана откако го заврши договорот со фински Хелсинки.

Се вчитува...