ОФИЦИЈАЛНО ВАСОСКИ НА ЧЕЛО НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Мојата визија за фудбалот се поклопува со таа на клубот

Александар Васоски седнува на клупата на Академија Пандев со која потпиша договор на една и пол година. Со него како асистент во Струмица се сели и Раденко Бојовиќ.

Васоски вели дека е среќен поради соработката бидејќи неговата визија за иднината на тимот се поклопува со таа на клубот и тоа е главната причина за презeмањето на функцијата.

„Постигнав договор со Академија Пандев и во следните година и пол ќе бидам на чело на струмичкиот тим. Со Горан Пандев игравме заедно во репрезентацијата и се уште сме големи пријатели. Мојата визија се поклопува со замислата на тимот и затоа најдовме заеднички јазик. Мојата цел е да им дадам шанса на младите фудбалери и во следниот период заедно да направиме тим кој ќе произведува домашни играчи“, изјави Васоски за ЕКИПА.МК.

Академија Пандев ќе има задача до крајот на шампионатот да обезбеди опстанок бидејќи во моментов се наоѓа на претпоследното место на првенствената табела.

Во првиот меч од продолжението на сезоната кој ќе се игра на 14. февруари, струмичкиот тим ќе го пречека Работнички.

Се вчитува...