Касилјас: Еве зошто одбив да бранам за Шпанија…

Икер Касилјас имаше неверојатна фудбалска кариера, но и извонредниот голман имаше црна дамка, со одбивањето да настапи за шпанската репрезентација во третиот меч од групата од ЕВРО 2016. Шпекулациите на оваа тема се појавија веднаш по европскиот шампионат, како Касилјас навреден што Де Хеа ги бранел првите две средби го одбил изборот на селекторот Дел Боске, кој сакал да го врати искусниот Икер на голот за мечот од третото коло против Хрватска.

Тој дуел не беше незначаен, решаваше за првото место во групата, Шпанците го загубија со 1-2, „црвената фурија“ во осминафиналето загуби од Италија со 2-0, а Касилјас никогаш повеќе не се појави во репрезентативниот дрес. Тврдењата дека тој навистина одбил да се појави на терен ги потврди самиот Касилјас, откако директно беше прашан на оваа тема во интервју за телевизијата „Мовистар“.

„Вака беше… селекторот ми рече дека сака јас да бранам против Хрватска. Му реков дека е најдобро да продолжи со Де Хеа, не се чувствував заслужен да го одиграм тој трет, последен меч од групата. Среќа што реков „Не“ бидејќи загубивме, а убеден сум дека луѓето едвај чекаа мој „кикс“ за повторно да кажат дека јас сум виновен за поразот. Чувствував дека тоа нема да заврши добро за мене ниту за репрезентацијата ако јас бранев на тој натпревар“, изјави Касилјас.

Се вчитува...