Војдан Стојановски Гравелин Данкерк немаа никаква шанса за сензација на гостувањето против Асвел, на кое актуелниот првак на Франција покажа целосна доминација и заслужено триумфираше со убедливи 96-68.
Уште од самиот почеток стана очигледно кој е кој на овој натпревар, па Асвел триумфот си го обезбеди по почетните 20 минути игра, на одмор заминувајќи со преубедливо водство од 57-32. Стојановски и соиграчите беа подобри само во третата четвртина што ја добија со 15-21, но на крајот сепак го загубија мечот со конечни 28 поени разлика.
Македонскиот капитен го заврши натпреварот со шест поени (3/4 за два поени) и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА