Бразил е една од најпогодените јужноамерикански држави од коронавирусот, но на Нејмар тоа не му пречеше да организира огромна забава во која повеќе од сигурно е дека нема да се почитуваат препораките за социјална дистанца.
Тој поради повреда ги пропушти последните овогодишни натпревари на ПСЖ, доби дозвола од клубот да се врати во татковината, по што веднаш почна со организацијата на божиќната забава во неговата вила во Рио де Жанеиро.
Бразилските медиуми јавуваат дека забавата почнала во петокот и ќе трае вкупно пет дена, а Нејмар поканил 500 гости. Фудбалерот најмил бројни музички „ѕвезди“ кои ќе ги забавуваат гостите, а единственото правило на забавата е – нема сликање и снимање, поради што на сите им се одземени мобилните телефони уште при влезот во куќата.
Сепак, во јавноста протекоа детали од забавата, кон Нејмар се упатуваат бројни критиките за неодговорното однесување, но тој се уште не се решава да ја прекине забавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА