Македонскиот суперталент Теодор Симиќ прикажува добри игри на стартот од јуниорското издание од Евролигата, во која нашиот центар со голем успех го носи дресот на Барселона. Каталонскиот гигант одигра две средби и забележа исто толку победи, обезбедувајќи си место во финалето од квалификацискиот турнир за главната битка за тронот.
Во првиот меч на турнирот, Барселона по голема борба го победи Улм Ратиофарм со резултат (59:50). Младиот Македонец одигра 11:44 минути против германскиот клуб, постигнувајќи шест поени (3/5 за два и 0/1 за три поени), три скока и една загубена топка.
Уште поубедливо делуваше каталонскиот гигант во дуелот со уште еден шпански претставник – Гран Канарија, меч на кој Симиќ и другарите славеа со повеќе од убедливи (85:47).
Македонскиот ас, кој има само 16 години и настапува против повозрасни кошаркари од себе, одигра 15:55 минути од овој меч, притоа постигнувајќи десет поени (0/2за три, 4/7 за два, и 2/5 за еден поен), осум скока, како и по една асистенција, освоена и загубена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА