Златан Ибрахимовиќ уште на почетокот од месецот ги почести сите соиграчи од Милан со најнови конзоли за видео игри „Сони Плејстејшн“, но шведскиот ас изненади со изборот на подарок за себе за новата година.
Ибракадабра реши да се почести во татковината, купувајќи шумска површина од илјада хектари, за која мораше да издвои три милиони евра. Станува збор за шума во близина на шведско-норвешката граница, а Златан ја купи со цел да има место за одмор кога ќе биде во татковината, но и да ужива во можностите за лов и риболов во тој регион од државата.
Златан Ибрахимовиќ се уште е повреден и за десетина дена би можел да се врати на терените. Тој досега одигра десет средби за „росонерите“, притоа постигнувајќи 11 гола и две асистенции, со што е меѓу најзаслужните што Милан моментно е лидер на табелата во Серија А, со еден бод предност пред градскиот ривал Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА